Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека најважно за него било сите ракометари да добијат минутажа и да го дадат својот максимум.

Дека победата била плански остварена преку цврста игра во сите фази, во изјава за Спортска Мрежа, потврди и крилниот играч Дарко Ѓукиќ. Осврнувајќи се на текот на средбата и квалитетот на противникот, Ѓукиќ изјави:

„Целта пред мечот беше да можеме што побрзо да се одлепиме и да направиме разлика ако тоа беше можно. Знаеме дека Прилеп е една многу квалитетна екипа која 99% ќе биде во плеј-аут. Така што јас сум многу задоволен од натпреварот- со само 18 примени голови во одбрана. Одбраната беше добра, но исто така и нападот, како и сè останато. Па, така мислам дека рутински го одработивме овој натпревар кој го игравме дома и им честитам на моите момци за одличната игра.“- изјави Ѓукиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со ова издание, охриѓани ја оправдаа фаворитската улога и успешно ги освоија бодовите пред своите гледачи.

Следен предизвик за охриѓани е гостувањето кај Вардар во Скопје. Ројевиќ е свесен за квалитетот на ривалот, но најави дека неговиот тим нема да се предаде однапред, со јасна цел да ја задржи борбеноста и фокусот на највисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!