Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Сподели
Сподели



Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч со кој се отвори седмото коло во Првата женска фудбалска лига.

Гостинот од Тетово резултатот го отвори во 17. минута од средбата со гол на Елена Симјанова, додека пак во 26. минута Михаела Додевска постигна гол за двојна предност по првите 45 минути од средбата во Драчево.

Во вториот дел „истатовки“ се обидуваа да постигнат гол за да се вратат во игра барем за бод, но не успеваа шансите да ги претворат во гол, а печат на победата за Љуботен стави Улза Максути со гол во 92. минута.

Љуботен се враќа на победничките патеки по ремито во претходното коло со Вардар, а додека се комплетира колото во недела, тимот од Тетово ќе биде лидер со 17 бодови, два повеќе од Скопје и Пелистер, кои го делат второто место.

Истатов го запиша петтиот пораз во низа и останува на седмото место со шест бодови, а можност за излез од резултатската криза ќе гледа во осмото коло во Струмица против Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!