Турнири

„Куклиш 2024“: Полуфинални пресметки на Вистони ЖП и Христмил Банско, СВР Струмица против Винарија Здравко

Сподели
Сподели

Вечерва ќе се одиграат уште два четвртфинални натпревари со што ќе бидат познати сите патници во големото полуфинале од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“.

Герасов и Дрвош веќе се полуфиналисти, а вечерва ќе се одиграа две големо дерби пресметки. Oд 20:00 часот ќе се соочат СВР Струмица против Винарија Здравко , додека пак од 21 часот ќе се сретнат екипите на Вистони ЖП против Христмил Банско.

Бидете дел од овој фудбалски спектакл и уживате во добар фудбал од трибината во спортската сала во Куклиш, два меча кои ветуваат голема неизвесност.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!