Трета лигаФудбал

Слога Виница со ново засилување: Љупче Христовски од Беласица

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница продолжува со интензивните подготовки за пролетниот дел од сезоната, градејќи конкурентен тим за баражот за влез во Втората лига.

По ангажманот на искусните Иван Настевски и Тони Мирчевски од Детонит Плачковица, најновото име во редовите на виничкиот клуб е Љупче Христовски, кој пристигнува од редовите на Беласица.

Младиот и талентиран фудбалер, кој важи за перспективен играч, се очекува да внесе свежина и квалитет во тимот предводен од штипскиот стратег Емил Грнев.

Слога Виница, која има солидна бодовна предност пред Овче Поле од Свети Николе, не сака да остави ништо на случајност. Тимот ќе се обиде максимално подготвен да влезе во баражот и да обезбеди враќање во Втората лига.

Од клубот најавуваат дека во наредните денови се очекува уште едно големо засилување, кое ќе биде вистинска трансфер сензација за тимот од Виница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!