Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Сподели
Сподели



Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои може да направат промени во врвот од табелата.

Шестото коло направи одредени промени на табелата, а некои екипи имаат и сериозен прогрес како Новаци, кој сега е дури на седмото место.

Беласица заборави да победува и нанижа четири ремија во низа, а пак Детонит Плачковица со втор пораз во низа и в четврток против Охрид ќе нема право на грешка.

Новаци со два победи во низа претрка неколку екипи на табелата кои иако беа пред овој клуб, сега се зад него.

Очајот на Шкупи продолжува и во Втората лига, а тимот од Чаир е блиску да го доживее сценариото на Борец и да заврши во Трета лига, па во две сезони од Прва тимот на Шкупи да биде во третолигашката конкуренција.

Осогово имаше сили само за бод откако ремизираше против Тетекс во Тетово, но со тој бод не се помести од претпоследната позиција на табелата, а бидејќи следното коло ќе игра дерби со Еуромилк ГЛ на домашен терен, „жетварите“ ќе треба добро да размислат – како да го победат конкурентот за бегство од опасната зона, бидејќи со нов пораз ќе бидат во лоша ситуација.



Пред стартот на седмото коло ќе следува репрезентативна пауза, која ќе биде добредојдена за некои промени, со цел по истата да се собираат бодови за прогрес кон горниот дел од табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Трета лигаФудбал

Кравари ја „прегази“ Света Троица од Охрид, Влазерими до три бода, победа за кичевски Напредок

Влазерими Јуниор го одигра првиот меч во новата сезона во Трета лига...

Трета лигаФудбал

Дрита испука „петарда“, Гостивар со висока победа од шест гола, Лирија до голема победа

Второто коло во Трета лига регион 6 донесе многу погодоци на сите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!