Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Сподели
ФОТО: ТК Тумба
Сподели

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула.

Првенството се одржа од 5 до 7 септември на терените на ТК Евросет во Скопје, а Златевска го круниса настапот со убедлива победа во финалето.

Кумановската тенисерка во борбата за титулата ја совлада Сања Ѓорѓиева со 6:3, 6:1, со што заслужено се закити со шампионското одличје.

Успехот на Тумба го комплетираше и Катерина Димковска, која исто така имаше одличен настап и го освои третото место.

Така, ТК Тумба од Куманово од државното првенство за ветеранки над 30 години се враќа со шампионска титула и бронзено одличје, уште една потврда за квалитетот на своите тенисерки.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!