Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Сподели
Сподели

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин на соработката, по околу 70 дена заедничка работа.

Од Камјани му се заблагодарија на Емурлаи за професионалноста, позитивниот пристап, посветеноста и односот кон клубот, истакнувајќи дека за релативно краток период оставил силна трага во семејството на Камјани.

Емурлаи кариерата ја продолжува во екипата на Кабала од Азербејџан, каде ќе работи во стручниот штаб на шефот Јетон Беќири, некогаш тренер на Шкендија.

„Збогум“ во овој случај, како што порача клубот, не значи и крај на почитта и благодарноста. Од Камјани му посакаа успех во неговиот следен предизвик, бидејќи Емурлаи кариерата ќе ја продолжи во Кабала од Азербејџан. Воедно, клубот порача дека вратите на Камјани за него секогаш ќе останат отворени.

„Некои луѓе не се мерат со времето што го поминуваат, туку со трагата што ја оставаат зад себе. Благодариме за сè, Бурхан. За нас и за целото семејство на КФ Камјани, секогаш ќе останеш еден од нас. Засекогаш, Маестро“, порача клубот.

Разделбата доаѓа по пет одиграни кола во Втората македонска лига, во кои Камјани освои седум бодови. Дебитантот има учинок од две победи, едно реми и два порази, со пет постигнати и пет примени голови.



Со неговото заминување, тренерското столче во Камјани останува празно. Сега останува да се види кој ќе биде наследникот на Бурхан Емурлаи и кој ќе го предводи дебитантот во продолжението од сезоната.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!