Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство, откако денеска убедливо со 3:0 го совлада Израел во последниот натпревар од групната фаза.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски одиграа одличен натпревар и во текот на целиот меч ја имаа контролата врз играта. Македонија беше подобар противник во сите три сета и заслужено стигна до триумф.

Првиот сет „црвено-жолтите“ го добија со 25:21, во вториот беа подобри со 25:23, додека во третиот сет славеа со 25:22 за конечни 3:0.

Капитенот Никола Ѓорѓиев повторно беше предводник на македонската селекција и натпреварот го заврши како најефикасен играч со 20 освоени поени.

Со денешната победа Македонија го заокружи настапот на Европското првенство со учинок од една победа и четири порази. Нашата репрезентација беше дел од исклучително тешка група, во која за противници ги имаше некои од најсилните европски селекции.

И покрај тешкиот распоред, Македонија го заврши шампионатот со победа и со тоа се одјавија од ова Европско првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!