Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев и Незири со победа во двојки, Јанев утре против третиот носител

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонските тенисери Кристијан Јанев и Ерион Незири со победа го започнаа настапот во конкуренција на двојки на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години, кое се одржува во Оберпулендорф.

Македонскиот тандем во првото коло славеше над бугарската комбинација Калојан Шиков и Александар Толев со 2-0 во сетови, откако по голема борба го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6(5), а во вториот сет беше убедлив со 6-2.

Јанев и Незири утре во второто коло ќе се соочат со шведската двојка Вилијам Кјелберг и Лов Миквист.

Во конкуренција на двојки кај девојките, Мила Јовановски и Ирина Пиштолова беа поразени по голема борба од грчката комбинација Димитра Кумуцеа и Катарина Устабасиду. Македонките загубија со 2-1 во сетови, откако по убедливиот прв сет од 6-0, Гркинките се вратија со 6-2, а потоа славеа и во решавачкиот меч-тајбрејк со 10-3.

Утре нов предизвик го очекува и Кристијан Јанев во поединечна конкуренција. Македонскиот тенисер во второто коло ќе игра против третиот носител на турнирот, Јакуб Куси од Чешка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!