РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со нов партнер – „Ладна Вода“ станува поддршка на македонските репрезентации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија и „Ладна Вода“ потпишаа договор за соработка, со што компанијата „Магрони“ станува нов партнер на македонските фудбалски репрезентации.

Соработката претставува дел од определбата на ФФМ за создавање и обезбедување подобри услови за работа на националните селекции, но и потврда на општествената одговорност на компаниите и нивната поддршка за проекти од значење за спортот.

Новото партнерство се очекува да придонесе кон дополнителна поддршка на македонските репрезентации и нивните активности во претстојниот период.

„Секоја компанија која ја препознава потребата да се инвестира во репрезентацијата и во создавање подобри услови е важен партнер за нас. Ладна Вода ја препозна нашата визија и ни е драго што заеднички ќе ја градиме оваа соработка.“ -изјави Филип Поповски.
Соработката со Ладна вода ќе биде дополнителна поддршка за репрезентациите и за создавање услови во кои македонскиот фудбал може да продолжи да се развива.
„Фудбалската репрезентација е еден од најголемите спортски симболи на Македонија. Како компанија, сакаме конкретно да придонесеме кон нејзината работа и развој. Ова партнерство го гледаме како наша одговорност кон спортот и заедницата.“ -вели Ѓорѓи Начевски, претставник на Магрони.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!