КупФудбалФутсал

КУП: Осогово преку пенали го исфрли Проект во дербито во Крива Паланка и патува во четвртфиналето!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Вечерва во Крива Паланка се комплетираше осминафиналето од футсал Купот на Македонија со што ги имаме сите патници во четвртфиналето, откако тимот на Осогово преку пенал рулетот го елиминираше Проект во прволигашкото дерби по 3:3 во регуларниот дел.

Во првиот дел беа постигнати два погодоци, по еден на двете страни за 1:1 на полувреме. Александар Михајлов погоди за водство на гостинот во 11. минута, а три минути подоцна Мартин Тодоровски погоди за 1:1. Во вторитоо полувреме домашниот тим направи пресврт и поведе најпрво со 2:1 преку втор гол на Тодоровски во 24. минута, а веќе во 25. минута резултатот беше 3:1 со гол на Давид Ристовски.

Во 26. минута од мечот поради втор жолт картон од играч беше исклучен Давид Ристовски во домашниот тим.

Проект веднаш реагираше и намали на 3:2 со вториот гол на Мухајлов, а Петре Даиловски во 30. минута ги постави конечните 3:3. На четири минути пред крајот шефот на стручниот штаб на домашниот тим, Милан Митовски доби директен црвен картон.

Во првата пенал серија Михаил Павловски и Стефан Димовски не реализираа, во втората серија Мартин Тодоровски погоди за домашнио тим, а пак Никола Анчевски за гостинот. Потоа погодија Кристијан Станојковски и Марио Благојевски.

Во последнат серија Петре Даиловски не успеа да погоди за Проект, а пак Кристијан Ристовски беше сигурен за Осогово со што обезбеди четвртфинале за неговиот тим, а со тоа и голема радост на навивачи кои беа во сала.

Во четвртфиналето покрај Осогово се пласираа и екипите на Балкан, Јувентус Серава, Шкупи, Мал Ајакс, Партизан Југ Брвеница, освојувачот Форца и тимот на Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!