Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Сподели
Сподели

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига.

Теона Галабовска, Билјана Панеска и Павлинка Николовска постигнаа по два гола, а по еден гол Ивана Илиева и новото засилување Одуро Христабел Оппонг.

За гостинот единствен стрелец беше Лина Мицовска.

Шампионот Скопје со голот на Бесарта Фида славеше над Вардар, откако истиот беше постигнат во 85. минута.

За Вардар ова е петтиот пораз од толку натпревари.

Љуботен ја декласираше Речица во гости со 2:8, во меч каде Улза Максути пет гола, а по еден постигнаа Хава Мустафа, Калина Попески и Михаела Додевска.

За домашниот тим стрелаа Анѓела Петковска и Леона Спасовска.

Каменица Саса го доби дербито со Истатов во гости со резултат од 1:3. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел.

Двоен стрелец за гостинот беше Јована Петрушовска, а еден гол постигна капитенот Ана Димитровска. За домашниот тим Михаела Ивановска го ублажи поразот во 90. минута.

Колото ќе се комплетира со одложениот меч меѓу Ас Јунајтед и Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!