Втора лигаФудбал

ФОТО: Беласица и Тетекс со поделба на бодовите во меч под рефлектори во Струмица

Сподели
Сподели



Беласица и Тетекс одиграа нерешено 2:2 во меч од 5. коло на Втората лига, кој се одигра под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Гостите од Тетово први стигнаа до предност. Тетекс доби пенал, а Иван Галевски беше сигурен од белата точка за водство од 0:1.

Беласица, сепак, до крајот на првото полувреме направи целосен пресврт. Стефан Сулев го врати резултатот во егал, а Филип Михаилов потоа погоди за 2:1, па струмичани со предност заминаа на пауза.

Тетекс во вториот дел излезе со три измени во состав, една на голманската позиција и заигра поактивно. Подобрата игра на „штофарите“ резултираше со израмнувачки погодок за 2:2.

Во продолжението и двете екипи имаа свои можности за трет гол, но ниту Беласица ниту Тетекс не успеаја да ја искористат некоја од шансите. Така, по интересен натпревар со четири гола, двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Колото ќе биде комплетирано со одложениот натпревар меѓу Работнички и Брера Струмица.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан, мобилизација за поддршка во „Јасмин“

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!