Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат до планираните бодови. Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар 1961 и Тиквеш 2014 го освоија полниот плен во ова коло.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
ФОТО: РК Алкалоид

Еурофарм Пелистер на домашен терен славеше над Мулти Есенс со 38-27, но резултатот не ја отсликува целосно сликата од првото полувреме. Гостите одлично го отворија натпреварот и до 18. минута имаа предност, во еден момент и од четири гола. Битолчани постепено го презедоа ритамот, до паузата поведоа со 18-14, а во продолжението без поголеми проблеми ја контролираа предноста. Белистојаноски со осум погодоци беше најпрецизен кај победникот, додека Кајалџиоски и Атанасијевиќ постигнаа по шест.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Алкалоид, пак, мораше сериозно да се намачи за да ги освои бодовите во Битола. Тимот на Кирил Лазаров го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 31-27, во меч во кој младите домашни ракометари долго беа рамноправен противник. По 10-11 на полувремето, Алкалоид во вториот дел успеа да направи разлика, но домаќините не се откажуваа и во финишот повторно се доближија. Искуството на гостите сепак дојде до израз во клучните моменти. Симоноски со девет гола беше најдобар кај Пелистер 2, додека Митев постигна шест за Алкалоид.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Вардар 1961 од гостувањето кај Куманово се врати со победа од 32-30. „Црвено-црните“ го контролираа поголемиот дел од натпреварот и во првото полувреме во еден момент имаа и седум гола предност. Во продолжението, со ротациите на вардарската клупа, Куманово успеа да се врати во мечот и во самиот финиш да намали на само еден гол разлика. Сепак, Митровиќ со погодок во последната минута ги реши дилемите. Наум Костов беше убедливо најефикасен кај Куманово со 15 гола, додека Тузолама и Фадуил постигнаа по шест за Вардар.

Најмногу голови во колото имаше во Кавадарци, каде Тиквеш 2014 го совлада Бутел Скопје со 38-33. Гостите имаа подобар период во првата половина од првиот дел и дури поведоа, но домаќините со серија од пет гола ја презедоа контролата и на одмор заминаа со четири гола предност. Бутел успеа да ја преполови негативата во продолжението, но не најде решение за повторно да се врати во целосен егал. Димовски со осум гола беше прв стрелец кај Тиквеш, додека Јаневски со седум погодоци беше најдобар кај гостите.

Четирите фаворити така стигнаа до нови бодови, но колото донесе и неколку интересни пресметки во кои резултатот не ја покажува целосно борбата што се водеше на теренот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!