Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци.

Пчиња победнички тргна откако во Старо Нагоричане со 0:2 славеше над Козјак, но до победата гостинот стигна доста од мечот.

Николче Стојановски во 78. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Бобан Стојановски погоди за конечни 0:2.

Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите на стартот од сезоната откако ремизираа играјќи 2:2.

Гостинот пропушти два погодоци предност и на крај мораше да се задоволи само со бод. Милан Благојевиќ во 11. минута донесе водство за Победа, а во 23. минута Гоце Насковски погоди за 0:2.

Во вториот дел Речица рано ја намали предност откако Мики Алексиќ во 52. минута постигна гол за 1:2 и со тоа се врати во посериозна игра домашниот тим.

ФОТО: Спортска Мрежа | Фудбалски терен во Речица

Сепак, кога сите мислеа дека ќе има делба на бодовите, Дарио Јакимовски во 89. минута погоди за конечни 2:2 и делба на бодови, со што го шокираше гостинот, а за радост на домашната публика.

Денес се играат останатите средби за комплетирање на колото.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!