Останато

Охриѓанката Девран Куртис со блескава сезона: медали на пливачките митинзи, маратони и националните првенства

Сподели
Сподели

Младата и талентирана пливачка Девран Куртис од Охрид зад себе има исклучително успешна 2026 година, исполнета со настапи, одлични резултати и освоени медали во базенските и маратонските дисциплини, но и во триатлонот и акватлонот.

Куртис забележа одлични резултати на Летното национално првенство во пливање – Скопје 2026, каде што го освои третото место во дисциплината 100 метри делфин, потврдувајќи го својот квалитет во една од најатрактивните пливачки дисциплини.

Уште поимпресивен е учинокот на младата пливачка во маратонското пливање. На Преспа Македонски куп во маратонско пливање, на делницата од 2,5 километри во конкуренција на пливачи родени 2012–2014 година, Куртис стигна до второто место. Второ место освои и на Дрим маратон 2026 на 2,5 километри, додека на Илинденскиот маратон на истата дистанца, во конкуренција 2011 година и помлади, повторно се закити со сребро. На Делфин маратон 2026, исто така на 2,5 километри, Куртис го освои третото место.

Одлична серија резултати младата пливачка имаше и на Охрид Опен 2026, каде освои вкупно седум медали. Куртис беше трета на 50 метри краул и 50 метри прсно, второпласирана на 100 метри делфин, 100 метри грбно, 50 метри делфин и 100 метри грбно, а освои и третото место на 50 метри грбно.

На IV OWF Пливачки митинг, Куртис продолжи со одличните настапи, освојувајќи прво место на 50 метри делфин. Во апсолутната конкуренција на истата дисциплина заврши на второто место. Дополнително, освои третото место на 50 метри краул, второто место на 100 метри краул, а во апсолутната конкуренција на 100 метри краул стигна до третата позиција.

Куртис успешната 2026 година ја надополни и со настапи во мултидисциплинарни спортови. На Националното триатлон првенство во Струга 2026, во кадетска конкуренција, освои второ место, додека на Националното акватлон првенство за кадети стигна до највисокото место на пиедесталот и се закити со златниот медал.

Богатата колекција на медали и пласмани во различни дисциплини е потврда за големиот потенцијал на Девран Куртис, која во текот на 2026 година покажа дека успешно се снаоѓа и во базенот и на отворени води, но и во триатлонските и акватлонските натпревари.

Со ваков развој, континуитет и резултати, пред младата пливачка е светла иднина, а освоените медали во текот на годината се одлична мотивација за нови предизвици и уште поголеми успеси.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонија доби организација на голем младински ракометен шампионат

Скопје повторно ќе биде во центарот на медитеранскиот ракомет, откако Македонија ја доби организацијата на 23. MHC Open Men’s Championship, кој ќе се...

Ракомет

Вардар со нов капитен пред стартот на сезоната!

РК Вардар влегува во новата сезона со промена во лидерската структура на тимот. „Црвено-црните“ одлучија капитенската лента да му ја доверат на голманот...

Поврзани написи
Останато

Каратистот Матеј Белистојаноски освои златен медал на Медитеранските игри во Таранто!

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски освои златен медал на Медитеранските игри во Таранто,...

Останато

Фламинго Волеј се засили со три одбојкарки Азманова, Трајкова, Славкова

Новата прволигашка сезона носи сериозни засилувања во редовите на Фламинго Волеј, кој...

Останато

Ефремов и следната сезона ќе настапува за Словенечки Чрнуче

Македонскиот сениорски репрезентативец Тоше Ефремов и во следната сезона ќе го носи...

Останато

Иџе со подиум на дебито со новиот болид – трет во Словенија меѓу 242 автомобилисти

Нашиот најдобар автомобилист на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, викендов се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!