Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Клучна ВАР проценка за директен црвен картон за играчот со број 22 на ФК Тиквеш

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение во однос на црвениот картон од мечот меѓу Тиквеш и Вардар, кој се играше во Кавадарци.

На натпреварот од 5. коло во Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Тиквеш и ФК Вардар, во 25. минута од натпреварот, играчот на домашната екипа со број 22 намерно го удри противничкиот играч со лакт во пределот на главата, без можност да игра со топката.

Станува збор за прекршок кој, според критериумите и Правилата на фудбалската игра, ги исполнува условите за директен црвен картон, односно за сериозно недозволено однесување кое се граничи и со насилничко однесување.

ВАР интервенцијата во оваа ситуација е целосно оправдана и правилна, согласно утврдената линија на ВАР интервенции, со оглед на тоа што станува збор за ситуација која има директно влијание врз одлуката за дисциплинска санкција.

А за ТВ-коментаторот, кој речиси постојано повторуваше дека „нема фаул за црвен картон“ – доколку има потреба, со задоволство ќе му ги објасниме Правилата на фудбалската игра и судиските критериуми, за во иднина јавноста да добива стручна анализа, а не мислење засновано на непознавање на правилата.

ОВДЕ можете да го погледнете ВИДЕО од тој момент.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари во Трета лига регион 3 и со тоа дојде до тренерска...

Ракомет

Воркапиќ пред Висла: „Вардар е голем клуб и секогаш оди на победа“

Вардар го очекува тешко гостување кај Висла Плоцк во четвртото коло од Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ немаат намера однапред да се откажат...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!