Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен и шампионот Скопје, кој е втор со само бод разлика.
Јован Качевски ќе биде главен судија во Тетово, него асистенти ќе бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски. Контролор на овој меч ќе биде Марјан Кировски.
Дербито во Тетово започнува во 12 часот.
Во 14:30 часот во Драчево ќе стартува дуелот меѓу Истатов и Кочани, а правдата ќе ја дели Никола Петковски. Негови помошници ќе бидат Станко Митровиќ и Мартин Дејаноски. Контролор на натпреварот ќе биде Иса Емурли.