Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Тиквеш со десетмина до бод против Вардар иако можеше и до цел „плен“, шампионот повторно „киксна“ во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Тиквеш и Вардар одиграа без победник (1-1) во последниот натпревар од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, во меч во кој кавадарчани покажаа огромна борбеност и карактер, особено откако повеќе од еден час играа со фудбалер помалку. Вардар, пак, не успеа да ја искористи бројчаната предност и наместо со три бода, од Кавадарци си заминува само со еден.

Домаќинот уште од самиот почеток покажа поголема желба и агресивност, а првите прилики ги имаше Тиквеш. Гуџуфи се обиде со удар од дистанца, а нешто подоцна и Сила не успеа да реагира прецизно по едно нафрлање. Притисокот на кавадарчани вроди со плод во 21. минута. По прекин и нафрлена топка во шеснаесетникот на Вардар, Ибрахима Фал најдобро се снајде и со удар со глава го совлада Диковски за 1-0.

Само четири минути подоцна ситуацијата целосно се промени. Тохиб Лавал во еден дуел со Филип Најдовски го удри противничкиот фудбалер со лакт, по што судијата Александар Грујоски, по сугестија од ВАР-собата и прегледот на снимката, му покажа директен црвен картон. Тиквеш остана со десетмина, а Вардар доби голема можност да го преземе натпреварот.

„Црвено-црните“ ја искористија бројчаната предност пред паузата. Во 39. минута Давид Бабунски одлично нафрли од левата страна, а Азер Омерагиќ со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата за 1-1. Гостите имаа можност и целосно да направат пресврт пред полувремето, но ударот на Омерагиќ по обидот на Бабунски заврши во блок.

Во вториот дел се очекуваше Вардар да изврши силен притисок и да го искористи играчот повеќе, но на теренот се случи спротивното. Тиквеш одигра дисциплинирано, компактно и храбро, а во неколку наврати беше и поопасен од противникот. Бесарт Гуџуфи во 57. минута ја погоди пречката по одлично ослободен простор за удар, додека домаќините имаа уште неколку ситуации преку Фал и останатите офанзивци.

Вардар долго време се мачеше да пронајде начин да ја пробие одбраната на Тиквеш. Попзлатанов и Лусианињо се обидоа во завршницата, но Стевковски беше сигурен на голот. Во самиот финиш и гостите имаа можност да стигнат до победата, но домашната одбрана издржа и го сочува бодот.

Така, Тиквеш со голема пожртвуваност стигна до важен бод, иако речиси 65 минути играше со десет фудбалери. Кавадарчани по пет кола имаат осум бода и се на третото место, додека Вардар е на седум бода и повторно загуби драгоцени бодови во трката за врвот. Актуелниот шампион веќе има осум бода помалку од лидерот Шкендија.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика открива интересна слика за најдобрите кошаркари во македонскиот шампионат. Колин Паркер...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната статистика открива интересна борба меѓу најдобрите кошаркарки во домашното првенство. Таниа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!