Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости го доби Бутел со 1:6 во меч од 4. коло на Првата футсал лига.
Тимот од Куманово воопшто не виде проблем во салата „Антон Димитров“, а победата беше најавена уште во првите шест минути со головите на Берат Рамадани и Зоран Левески.
За тимот од Куманово хет-трик постигна Јасир Зекири, а еден гол постигна и Иљаз Чиљафи. За домаќинот единствен стрелец беше Петре Даиловски, кој погоди во 13. минута од средбата.