Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против Топ Гол со минимални 1:0, во меч од 6. коло на Кадетската женска лига.
Евгенија Костовска беше стрелец на единствениот победнички гол со што Атлетико стигна до својата четврта сезонска победа, додека пак Топ Гол го запиша четвртиот сезонски пораз.
Меч во кој Атлетико имаше неколку големи шанси кои не успеа да ги круниса во гол за да биде поголема победата, но и со минимални 1:0 трите бодови се обезбедени.
Атлетико по пет одиграни кола во првенството има четири победи и едно реми и гол разлика од 12 постигнати погодоци и ниту еден примен гол и со тоа е на второто место со 13 бодови, два помалку од лидерот Скопје.

Топ Гол од шест меча има една победа, едно реми и четири порази и со четири бодови е на осмото место.
Во следното коло Атлетико ќе гостува кај Вардар, тим кој е позициониран на третото место со бод помалку од битолскиот тим.
