Прва лигаФудбал

„Пастрмалијада“ ќе го одложи натпреварот меѓу Брегалница и Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Штипскиот прволигаш Брегалница поднесе барање до Фудбалската федерација на Македониј (ФФМ) за одложување на мечот од 8. коло против Скопје, меч кој треба да се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Причината поради која „сините“ бараат одложување на натпреварот кој треба да се одигра на 19 септември е одржување на традиционалната манифестација „Пастрмалијада“.

„Раководството на клубот поднесе барање до Фудбалската федерација на Македонија за одложување, односно преместување на термин за мечот од 8.коло од ПМФЛ против ФК Скопје на домашен терен, кој првично треба да се одигра на 19 септември, датум на кој на градскиот стадион ќе се одржи манифестацијата „Пастрмалијада“. Јавноста ќе биде благовремено известена за датумот на одигрување на мечот против ФК Скопје“, велат од клубот.

Останува одлуката на ФФМ дали овој меч ќе се одложи и за кој датум.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика открива интересна слика за најдобрите кошаркари во македонскиот шампионат. Колин Паркер...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната статистика открива интересна борба меѓу најдобрите кошаркарки во домашното првенство. Таниа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!