ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб Грац, во рамки на претквалификациската група А од Лигата на шампионите.

Во таборот на Проект владее позитивна атмосфера, а подготовките за вечерашниот натпревар се заокружени со последната анализа на противникот и финалните тактички подготовки.

Стручниот штаб детално го анализираше начинот на игра на австрискиот шампион, неговите силни и послаби страни, движењата во различните фази од играта, како и ситуациите при прекини.

На последниот утрински тренинг фокусот беше ставен на тактичката поставеност, организацијата во одбраната и нападот, транзицијата и реализацијата на замислите кои треба да се применат на теренот.

Македонскиот шампион зад себе има сезона во која ја освои двојната круна, а во првенството оствари максимален ефект, без пораз и без реми. Сега тимот сака својата домашна доминација да ја претстави и на европската сцена.

Вечерашниот противник ќе биде особено мотивиран бидејќи станува збор за домаќинот на групата и шампионот на Австрија, но Проект влегува во натпреварот со јасна филозофија – дисциплинирана игра, максимална концентрација и верба во сопствените квалитети.

Сите мисли во македонскиот табор се насочени кон првите европски 40 минути за оваа сезона.

🇲🇰 ПРОЕКТ – ГРАЦ 🇦🇹

📅 26 август 2026

🕗 20:00 часот

🏟️ Blue Box, Грац

📺 Ќе има и пренос во живо, а линкот за следење на натпреварот ќе биде споделен еден час пред почетокот.

Спортска Мрежа од Грац – ексклузивно го следиме секој чекор на македонскиот шампион!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, во натпревар во кој кавадарчани ќе бркаат...

Втора лигаФудбал

ПОБЕДНИЧКО ФОТО: Новаци со голем скок, од дното до седмо место во Втора лига

Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија над Кожуф со голот на Христијан Драгарски со минимални 0:1, во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ПОБЕДНИЧКО ФОТО: Новаци со голем скок, од дното до седмо место во Втора лига

Екипата на Новаци стигна до втората сезонска победа, откако славеше во Гевгелија...

Прва лигаФудбал

Вардар се врати на победите, 2:0 против Шкендија Арачиново – крај на победничката серија на дебитантот

Вардар се врати на победничките патеки во Првата македонска фудбалска лига, откако...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пелистер со петта победа во низа, Каменица Саса убедлива против АС Јунајтед

Пелистер продолжува со одличните настапи во Првата македонска женска фудбалска лига, откако...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер го доби дербито со Охрид, ново реми на Беласица, победа за Новаци, бод за Осогово

Шестото коло на Втора лига го донесе и дербито меѓу ланските прволигаши...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!