Ракомет

Тиквеш по пресврт во „Јасмин“, брка второ коло: Еш носи +3 во реваншот!

Сподели
ФОТО: ГРК Тиквеш
Сподели

Тиквеш вечерва го игра реваншот против Еш од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, во натпревар во кој кавадарчани ќе бркаат негатива од три гола. Првиот дуел заврши со победа на гостите од 30-27, па македонскиот претставник сега има 60 минути за пресврт и пласман во следната рунда.

На првата средба Тиквеш имаше добар старт и поведе со 4-1, но Еш успеа да се врати и на полувреме се замина со 14-14. Во вториот дел гостите го презедоа резултатскиот тек и стигнаа до највисоки четири гола предност, но кавадарчани во финишот се доближија на 27-26. Сепак, Еш беше поконцентриран во завршницата и со серија во последните минути стигна до три гола предност.

Бен Махфуд беше најефикасен кај Тиквеш со девет гола, а Ончев постигна пет. Кај Еш, Аговиќ реализираше шест, додека Аранда постигна пет погодоци. Еден од проблемите за домашниот состав во првиот меч беше и голманската поддршка – Тиквеш имаше само четири одбрани, наспроти 15 интервенции на голманите на Еш.

Сепак, поразот од три гола не ја затвори европската приказна. Тиквеш повторно ќе игра во „Јасмин“, каде што овојпат ќе биде формален гостин, а за пласман понатаму му е потребна победа со најмалку четири гола разлика.

Во пресрет на реваншот, токму Бен Махфуд упати порака до навивачите, со која ја презеде одговорноста за првиот натпревар и побара поддршка од трибините:

„Пред сè, сакаме да им се извиниме на нашите Лозари и на цело Кавадарци. На денешниот натпревар направивме грешки, а противникот знаеше да ги искористи. Но, ова беа само првите 60 минути. Утре нè очекуваат нови 60 минути и нова борба. Можам да ветам дека ќе дадеме 1000% од себе за Тиквеш и за Кавадарци. Ќе се бориме до последната секунда и ќе оставиме сè на теренот. Уште еднаш им се извинуваме на нашите навивачи и ги повикуваме утре повторно да дојдат во „Јасмин“ и да бидат со нас. Потребна ни е вашата поддршка и ветуваме дека нема да ве разочараме.”- изјави Махфуд.

Реваншот е закажан за денес од 18:00 часот во салата „Јасмин“, а Тиквеш со поддршка од „Лозари“ ќе се обиде да ја анулира негативата и да продолжи во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На кавадарчани им остануваат уште 60 минути за европски пресврт.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!