Ракомет

Вардар Неготино испушти плус СЕДУМ и загуби од Пролет, високи победи за Шампион и Илинден, Овче Поле го доби Аеродром

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Пролет ја доби драмата во Неготино откако со тесни 24:25 славеше над Вардар во рамките на второто коло на Првата ракометна лига.

Натпревар кој понуди вистинска драма, а особено што во самиот финиш домаќинот пропушти два гола предност.

Натпреварот тргна со егал борба и игра гол за гол, каде првата осетна разлика Вардар Неготино ја направи во 19. минута за први плус два 10:8, а потоа и плус три при 11:8 и 12:9. Со одличната игра домашните на полувреме заминаа со 15:11.

Во вториот дел неготинци имаа предност од плус седум при 18:11, а после 45. минута од мечот скопскиот тим започна да ја топи предноста и дојде на 22:21 во 51. минута од средбата.

Самиот финиш беше навистина драматичен кога во 54. минута беше 24:22 за Вардар Неготино, а потоа со Пролет успеа да израмни на 24:24 во 57. минута. На 35 секунди до крајот Пролет искористи тајм-аут, а потоа Ласко Андоновски реализираше гол за победа од 24:25.

Најдобар стрелец кај Вардар Неготино беше Мирослав Митевски, кај Пролет прв стрелец беше Есад Дрпљанин.



Шампион славеше убедлива победа од 38:30 над дебитантот Сокол Саса од Македонска Каменица, во меч каде за домашниот тим Давид Јовчевски и Палев Монев со по осум гола беа најдобри стрелци, додека пак Андреј Лефтеров имаше седум гола.

Кај тимот од Македонска Каменица со 12 гола се истакна Мирче Ѓеоргиев, но недоволно за изненадување и први бодови.

Новајлијата Илинден забележа убедлива победа на домашен терен совладувајќи ја Јехона со резултат од 37:28.



Гостинот од Гостивар на стартот од вториот дел губеше и со шест разлика, но потоа успеа да се врати и во 41. минута да поведе со 20:21. Само пет минути подоцна домаќинот направи плус три при 26:23, а потоа влезе во долга серија на погодоци за конечни 37:28.

Антонио Наковски со десет гола беше прво име кај победничката екипа, кај поразениот гостин Адис Салиу имаше девет гола.

Овче Поле стигна до првата сезонска победа откако на домашен терен со 32:31 славеше над Аеродром во натпревар каде ФИлип Петровски постигна осум гола за домаќинот, а пак Кристијан Стаменков имаше седум реализации.

За тимот од Скопје прво име беше Бојан Божиновски кој погоди девет пати, а го следеше Михаил Митановски со шест гола.



Овче Поле тргна одлично во мечот со разлика од неколку погодоци, за плус пет при 13:8, а на полувреме имаше 18:14. Во вториот дел Аеродром дојде на минус еден, при 19:18, но разликата од пет гола Овче Поле ја врати во 52. минута на 30:25, а на крај славеше со 32:31, откако Аеродром немаше сили за целосно враќање.

Денес Македонија ЃП ќе игра против Текстилец, Партизан ќе ја пречека Преспа, а колото го затвараат Радовиш и Драчево Јуниор во салата „25 мај“ во 18:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров за Хориха: „Има победнички карактер и секогаш прави сè за неговиот тим да победи“

Македонската ракометна репрезентација доби нова опција во играчкиот кадар пред претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 година. Дмитро Хориха и официјално...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Лазаров за Хориха: „Има победнички карактер и секогаш прави сè за неговиот тим да победи“

Македонската ракометна репрезентација доби нова опција во играчкиот кадар пред претстојните квалификациски...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои...

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!