Кошарка

Фарахан: Подготвен сум да бидам лидер во тимот!

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

Новото засилување на шампионот, американскиот бек Ноа Фарахан, веќе десетина дена работи со новите соиграчи и ги сподели првите впечатоци од престојот во Скопје.

Фарахан вели дека брзо се адаптирал на новата средина и е импресиониран од приемот кој го добил во клубот и градот.

„Скопје е навистина убав град, особено Аеродром каде што минувам најголем дел од времето, а луѓето се прекрасни и ме пречекаа со раширени раце. Стручниот штаб, соиграчите, сите во клубот одлично се прилагодуваат и навистина се чувствувам многу удобно, буквално како дома. Ваквата позитивна атмосфера и поддршка се огромна мотивација за мене да дадам сѐ од себе на теренот и да ги израдувам навивачите“, истакна Фарахан.

Зад „сино-белите“ се првите десет дена од подготвителниот период, а Американецот има исклучително позитивни впечатоци за квалитетот и работната етика на екипата:

„Имаме одлична група момци. Сите покажуваат неверојатна борбеност и енергија уште од првиот тренинг. Играме брза кошарка, топката одлично се движи по теренот и секој ден сѐ подобро се воигруваме. Уверен сум дека доколку останеме сплотени и се држиме заедно, пред нас е исклучително успешна сезона“, дополни Американецот

Пред МЗТ Скопје е сезона полна со предизвици и згуснат распоред со по три натпревари неделно, особено со настапот во европските купови, што претставува дополнителен мотив за 25-годишниот бек:

„Настапот во Европа е огромен предизвик. Тоа е натпреварување од највисок ранг каде што секој тим влегува со максимална борба на секој меч. Нема простор за опуштање, мора да бидеме максимално фокусирани и тактички прецизни. Но, токму за вакви предизвици живеат врвните играчи — да го покажеме својот вистински карактер и да направиме големи работи“, оптимист е Ноа.

На прашањето дали е подготвен да ја преземе одговорноста и улогата на лидер на овој тим на МЗТ Скопје, Фарахан кратко и самоуверено рече ДА.

„Да, апсолутно сум подготвен!“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Грац го доби Макаби Нетанја и ја потврди лидерската позиција во групата на Проект

Домаќинот на групата А во претквалификациите за Лигата на шампионите, Атлетик Клуб Грац, стигна до втора победа во групата, откако вечерва со 2:0...

Останато

Сара Митевска со пораз од фаворитката Матула на Медитеранските игри

Најмладата македонска претставничка на Медитеранските игри во Таранто, тенисерката Сара Митевска, го заврши настапот во поединечна конкуренција со пораз. Митевска попладнево беше совладана...

Поврзани написи
Кошарка

Сапунџиев: Овој Пелистер е гладен за докажување !

Иван Сапунџиев по две години повторно го облече дресот на Пелистер, а...

Кошарка

Атанасиј Трајанов е нов член на КК Работнички

КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој...

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од...

Кошарка

КФМ: Осум екипи ги исполнуваат условите за Првата кошаркарска лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!