Кошарка

Атанасиј Трајанов е нов член на КК Работнички

Сподели
ФОТО: КК Работнички
Сподели

КК Работнички Скопје го потврди ангажманот на младинскиот репрезентативец Атанасиј Трајанов, кој во новата сезона ќе го носи дресот на скопскиот клуб.

20-годишниот Трајанов во Работнички пристигнува од редовите на второлигашот Партизан Водно Санс, а зад себе има настапи за младинските репрезентации на Македонија.

Трајанов беше дел од генерацијата до 18 години која во 2024 година го освои златниот медал на Европското првенство – Дивизија Б, одржано во Скопје. На турнирот просечно бележеше 6,5 поени и 6,5 скокови за 21 минута на паркетот.

Ова лето, Трајанов повторно беше дел од националниот тим, овојпат со репрезентацијата до 20 години, со која настапи на Европското првенство – Дивизија Б во Братислава.

Висок е два метри и може да одговори на позициите „тројка“ и „четворка“. Неговиот стил го красат борбеноста, енергијата и корисната игра во двата правци.

Работнички во него добива млад и перспективен кошаркар, кој треба да претставува засилување и дополнителна опција во ростерот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Со три меча во сабота ќе се отвори 10. коло на Втора лига, в недела се играат четири натпревари

Десеттото коло на Втората македонска фудбалска лига е закажано за овој викенд, а ќе се игра во два дена, со три мечеви во...

Прва лигаФудбал

Колото го отвараат Шкендија Арачиново и Тиквеш, дербито меѓу Вардар и Струга во понеделник

Дванаесеттата рунда на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра во два дена со два натпревари во недела и три во понеделник. Колото...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје со четврти пораз во ФИБА Еврокупот, АЕК Ларнака славеше во Скопје

МЗТ Скопје не успеа да ја прекине негативната серија во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

Бадел 1862 го доби дербито во Крива Паланка, Гордон блескаше со 40 поени

Кошаркарките на Бадел 1862 остварија значајна гостинска победа против актуелниот шампион Крива...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар максимални по три кола, Бутел го запре Охрид во Првата кошаркарска лига

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи донесе убедливи победи,...

Кошарка

МТЕЛ Суперлига: Работнички останува перфектен, победи и за Кожув и Пелистер

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со максимален ефект во новата сезона на МТЕЛ...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!