Вечерва беа одиграни два нови натпревари од осминафиналето на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, откако беа забележани две големи и убедливи „лото победи“.
Во првиот меч екипата на Христмил Банско со 7:3 лесно го совлада составот на Фенербахче и закажа четвртфинале. Марио Благоевски постигна два гола заедно со Стефан Димовски, а по еден гол за победничката екипа постигнаа Мики Митров, Андреј Јаневски и Никола Стојановски.
За екипата на Фенербахче стрелец на сите три погодоци беше Керим Бурсин и тој беше најсветлата точка за Фенербахче вечерва.
На вториот меч Винарија Здравко без проблеми со 7:2 го декласираа тимот на Јови МК и лесно обезбедија четвртфинаел.
За тимот на Винарија Здравко двоен стрелец беше Горан Коцевски, а по еден гол постигнаа Наум Блажевски, Ѓорги Танушев, Васко Глигоров, Горан Стојановски и Александар Коцев. За екипата на Јови МК стрелци беа Андријан Трајков и Ѓорги Карамитров.
Сабота и недела ќе бидат слободни денови на турнирот, а возбудувања продолжуваат во понеделник.
Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.