Трета лигаФудбал

Орхан Мифтар нема конкуренција – убедливо најдобар стрелец во Трета лига – Север!

Сподели
Сподели

Без конкуренција Орхан Мифтар најдобар стрелец во Трета лига – Север, откако фудбалерот на Фортуна во есенскиот дел постигна 19 погодоци со што е убедливо најдобар стрелец во овој третолигашки регион.

Искусниот фудбалер има осум погодоци повеќе во однос на Бејтула Авдулаи, фудбалерот на Башкими Љуботен кој постигна 11 погодоци.

Во изјава за Спортска Мрежа, најдобриот стрелец во третолигашкиот регион на Северот вели дека има многу искуство за Трета лига, бидејќи како што додава тој поради работни обврски не тренира редовно со екипата, туку оди директно со екипата на натпревари.

„Да бидам искрен реално есенската полусезона беше добра, но направивме два кикса со послаби екипи кој се во долниот дел од табелата што тоа предизвика да се откажеме од борбата за првата позиција. Најдобар стрелец сум веќе трета година по ред и мислам дека за ова лига имам доста искуство за да бидам најдобар стрелец. Не се малку 19 погодоци да се постигнат без ниту еден тренинг. Одам директно на натпревари, морам така бидејќи секој ден сум на работа и немам време да тренирам со екипата“, вели Мифтар во изјавата за Спортска Мрежа.

Во однос на листата на најдобри стрелци Мартин Лазев од Ржаничино и Мерван Фетаи од Беса Влазрими имаат по девет гола.

Број на голови Име и презиме Клуб
19 Мифтар Орхан ФК ФОРТУНА
11 Авдулаи Бејтула ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН
9 Лазев Мартин ФК РЖАНИЧИНО
9 Фетаи Мерван ФК БЕСА-ВЛАЗРИМИ
7 Јусуфи Фати ФК БВК КОЊАРЕ
7 Алити Шуајб ЗФК Шкендија Арачиново 77
7 Исмаиловски Ферди ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД
7 Курти Нусрет ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН
7 Тодоровски Дарко ЗГ ФК КУМАНОВО
7 Шаип Еркан ЗФК Шкендија Арачиново 77
6 Шерифи Ергин ЗГ ФК КУМАНОВО
6 Бишевац Нермин ФК БВК КОЊАРЕ
6 Златковски Кристијан ЗГ ФК КУМАНОВО
6 Каланоски Александар ФК Аеродром 2018
6 Николовски Далибор ФК КАДИНО
5 Алили Алајдин ФК БВК КОЊАРЕ
5 Арифи Елмедин ФК РИНИА 98
5 Бакијов Ахмед ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД
5 Богдановски Стефан ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД
5 Десниќ Дарио ЗФК Шкендија Арачиново 77
5 Јовановски Андреј ЗГ ФК КУМАНОВО
5 Пешовски Дамјан ФК Аеродром 2018
5 Цаколи Аљмир ЗФК Шкендија Арачиново 77
4 Бакиевски Гезим ФК БВК КОЊАРЕ
4 БОШКОВСКИ ВИКТОР ФК КАДИНО
4 Иљази Бујар ЗФК Шкендија Арачиново 77
4 Касуми Харун ФК БЕСА-ВЛАЗРИМИ
4 Стојчевски Христијан ФК ПЧИЊА 2015
4 Сулимани Лавдрим ФК БЕСА-ВЛАЗРИМИ
4 Томовски Борјан ФК ЊУ СТАРС

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа и пораз го заврши настапот на ФИБА YDF кампот во Чанаккале

Со победа на машката и минимален пораз на женската селекција, Македонија го заврши учеството на финалниот ФИБА YDF камп во Чанаккале, Турција. Младите...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ташовски најавува максимален пристап: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!