ФудбалФутсал

Балкан не запира, промовирано ново засилување: Ерол Далип е нов играч!

Сподели
Сподели

Второлигашот Балкан продолжува со промоции на нови играчи, а вечерва е промовирано третото зимско засилување. Тоа што Спортска Мрежа го најавуваше изминатиот период добива на потврда, откако вечерва беше промовиран Ерол Далип.

Станува збор за искусен играч меѓу најдобрите во македонскиот футсал, а доаѓа од актуелниот шампион Форца. 38-годишникот значително ќе го подигне квалитетот во тимот за пролетниот дел во борбата на Балкан за освојување на првите две места кои водат директно кон Прва лига.

Во својата карира искусниот Далип покрај за Форца има настапувано за Арбен Бајрами, Железарец, Шкупи, како и во косовскиот шампионат за екипата на Приштина.

Претходно, како што веќе информиарше Спортска Мрежа екипата на Балкан се засили со Јусуф Сулејмани и голманот Матеј Папазов.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци на домашен терен со 24:20, во меч од десеттата рунда. „Гладијаторите“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!