Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Димитријевиќ: Нашата цел е настап на следното ЕП, ќе дадам се од себе за да го оствариме тоа!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели
По кратката пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е со македонската сениорска репрезентација и ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец. Македонија ја очекува важен натпревар против Австрија во Виена, а искусниот плејмејкер со големи очекувања го започнува новиот репрезентативен циклус.

Димитријевиќ добро го познава противникот, но смета дека македонскиот тим има доволно време за квалитетна подготовка, усогласување на тактиката и добра тимска работа пред гостувањето во Виена. Повратникот во составот верува дека Македонија може подготвена да го дочека важниот дуел.

„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа“, вели Димитријевиќ.

Во разговорот за составот на Македонија, Димитријевиќ се осврна и на новото решение под кошевите. По повредата на Итан Хап, во националниот тим пристигнува Мозес Рајт, со кого Димитријевиќ очекува добро партнерство.

„Претходно под кошевите Итан Хап го имавме како сериозен и квалитетен играч, но несреќа беше неговата повреда, тоа ни беше хендикеп во претходните квалификации со Естонија. Сега го добиваме Мозес Рајт, преквалитетен играч. Се надевам дека ќе бидеме добар тандем и со останатите играчи ќе дојдеме до успех.“ – вели Димитријевиќ.

Повторното враќање во репрезентативниот дрес за Димитријевиќ има и дополнителна тежина. Целта е Македонија да се избори за настап на следното Европско првенство, а искусниот бек не крие дека сака уште еднаш да биде дел од европскиот шампионат со националниот тим.

„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.“ – заклучи Димитријевиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!