Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пешиќ, Берокал и Грујиќ предаваа на тренерската клиника во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија во Скопје ја одржува задолжителната тренерска клиника, наменета за континуирана едукација и професионално усовршување на тренерите. На првиот од двата работни дена беше реализирана богата програма со предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, пред околу 200 тренери и гости.

Еден од најпознатите тренери во светската кошарка, Светислав Пешиќ, одржа предавање и практично демонстрираше вежби посветени на дефанзивната транзиција.

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, говореше за офанзивната транзиција, со посебен акцент на принципите и решенијата во играта.

ФОТО: КФМ

Во попладневниот дел, Саша Грујиќ ги презентираше своите знаења и искуства поврзани со развојот на тимската игра кај младите кошаркари од 10 до 18 години. Посебно внимание беше посветено на играта со додавања и поставувањето блокади, од основните принципи до процесот на донесување одлуки.

Програмата на првиот ден ја затвори Светислав Пешиќ со предавање на тема позициска одбрана.

ФОТО: КФМ

Учеството на тренерската клиника е бесплатно и задолжително, согласно условите за добивање тренерска лиценца. Од КФМ посочуваат дека целта е овој настан да прерасне во традиционална годишна активност, која ќе придонесува за континуирана едукација на тренерите и понатамошен развој на македонската кошарка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!