Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари со три контроли натпревари пред заминувањето на ЕвроВолеј

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Во финалната фаза од подготовките за своето четврто учество на ЕвроВолеј 2026, машката одбојкарска репрезентација на Македонија ќе одигра три контролни натпревари против бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора.

Дуелите ќе се играат од 1 до 4 септември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а во договор меѓу тренерските штабови дополнително ќе биде одлучено дали натпреварите ќе имаат отворен или затворен карактер.

Берое 2016 минатата сезона настапуваше во плеј-офот на бугарската Суперлига, а клубот забележа и историски настап во европскиот Челинџ куп.

Трите средби ќе бидат последна сериозна проверка за избраниците на македонскиот селектор пред настапот на ЕвроВолеј 2026 во Софија, каде што Македонија ќе се обиде во најдобро светло да се претстави на континенталното првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Фримен со трипл-дабл на дебито, Гордон најдобар стрелец по второто коло во женската кошаркарска Прва лига

По комплетирањето на второто коло во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, индивидуалната статистика донесе неколку впечатливи остварувања, а посебно внимание привлече Арин...

Трета лигаФудбал

Тоше Манов најдобар стрелец во Трета лига регион 3, го следи фудбалер на Каменица Саса

По седум кола во Третата македонска фудбалска лига регион 3 правиме прв пресек на листата на најдобри стрелци. Засега на врвот е фудбалерот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Радовишанката Глорија Тодорова ѝ донесе победа на Македонија против Луксембург!

Женската репрезентација на Македонија до 17 години го совлада Луксембург со 1:0...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Михаела Наумова од Галактикос со повик од ФФМ за тренинг-кампот за девојчиња до 13 години!

Младата фудбалерка Михаела Наумова од фудбалската академија Галактикос доби повик од Фудбалската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!