ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за Грац, Австрија, каде што од 26 до 29 август ќе настапи во претквалификациската група А од Лигата на шампионите.

Проект зад себе има одлична сезона 2025/2026, во која тимот ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а првенствената сезона ја заврши без ниту еден пораз и без ниту едно реми, со максимален ефект.

Пред европскиот предизвик, македонскиот шампион имаше одлична можност да ја провери формата и низ серија контролни натпревари да ги тестира различните комбинации и тактички замисли. Во рамки на подготовките, Проект одигра натпревар против Дреница, двапати се соочи со бугарскиот шампион Амиго Нортвест, а последната проверка ја имаше во неделата против српскиот Пирот.

Токму на последниот тест, македонскиот шампион одигра убедливо и со 7:0 го совлада Пирот, со што на најдобар начин ја заокружи подготовката пред патувањето во Австрија.

Во Грац, Проект го очекува сериозен европски предизвик. Во групата А, покрај домаќинот Атлетик Футсал Клуб Грац, се наоѓаат и словенечкиот Врхника и израелскиот Макаби Нетанја.

Група А:

🇸🇮 Врхника

🇦🇹 Атлетик Футсал Клуб Грац

🇲🇰 Проект

🇮🇱 Макаби Нетанја

Натпреварите ќе се играат од 26 до 29 август, а Проект во Грац ќе има можност да покаже дека доминацијата од домашното првенство може да ја пренесе и на европската сцена.

Со одличната сезона зад себе, успешно одработените подготовки и позитивната атмосфера во тимот, македонскиот шампион заминува во Австрија со јасна цел – да се претстави во најдобро светло и да се бори за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе го претставува македонскиот футсал во претквалификациите за Лигата на шампионите. За...

Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од највисокиот ранг на македонската кошарка во сезоната 2026/27. По разгледувањето на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Ерен Парталко

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Ерен Парталко, кој доаѓа од...

Трета лигаФудбал

Ударник подобар на пријателскиот меч против Победа Пепелиште

Третолигашот Ударник триумфираше со 2:0 на пријателскиот натпревар против новиот третолигашот Победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!