Ракомет

Викендот започнува новата сезона во Суперлигата: Радовиш домаќин на Охрид, шампионот тргнува од Кавадарци

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд на програмата ќе бидат натпреварите од првото коло од ракометната Суперлига со што ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025.

Во рамки на првото воведно коло актуелниот шампион Еурофарм Пелистер тргнува со одбраната на титулата од Кавадарци каде ќе се соочи со Тиквеш, повраникот Радовиш на домашен терен ќе игра со Охрид во меч каде „гладијаторите“ се апсолутни фаворити за трите бодови.

Неизвесен меч се очекува меѓу Прилеп и Пролет каде трите бодови се висок императив и за двете екипи кои во новата сезона ќе бараат место во плеј-офот. Бутел Скопје сезоната ја отвара на домашен терен како фаворит против Куманово, додека пак Струга во изменет лик на домашен терен како благ фаворит ќе го пречека Ф. Борец од Велес кој за првпат во својата историја ќе заигра во ракометната елита на Македонија.

Овие натпревари се играат во сабота, а колото ќе се комплетира в недела со дербито на колото меѓу Алкалоид и Вардар. Момците на Кирил Лазаров го освоија Суперкупот, максимално мотивирани ќе атакуваат на трумф над Вардар за успешен старт на новата сезона, а Вардар во Автокоманда доаѓа по три бодови.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!