Втора лигаФудбал

Дарко Гроздановски е најдобар стрелец во Втора лига, втор е Симеон Христов, постигнат еден автогол!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По три одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига најдобар стрелец е фудбалерот на Кожуф, Дарко Гроздановски, кој на три натпревари постигна шест погодоци. Гроздановски двапати стрелаше против Вардарски во дербито на Југот во Богданци, додека пак четири погодоци постигна против Осогово.

Симеон Христов, фудбалерот на ланскиот прволигаш Македонија ЃП е втор на листата на стрелци со пет погодоци. Христов постигнат хет-трик против Победа, а по еден гол постигна против Охрид и Башкими.

На листата на стрелци пет фудбалери имаат постигнато по три погодоци. Илија Баламов од Вардарски, Димче Јовев од Беласица, Христијан Кировски од Скопје, Тони Мичковски од Каменица Саса и Аљбин Рамадани од Арсими.

По два погодоци имаат Леонтин Бајрами од Арсими, Крсте Велкоски од Македонија ЃП, Иван Глигоров од Брегалница, Хусеин Демири од Башкими, Филип Димоски од Охрид, ПЕтар Најдов од екипата на Вардар Неготино, Никола Талески од Победа и Иве Трифуновски од Новаци.

Со по еден гол на листата на стрелци се запишаа 35 фудбалери. По три одиграни кола беше постигнат и еден автогол. Павле Петров од Борец си постигна автогол.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!