Трета лигаФудбал

Слога Виница сезоната ја отвара во Берово, Тиверија домаќин на Брегалница од Делчево

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На 15. септември ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со вкупно десет екипи, иако првично беше најавено дека учество ќе земаат 12 екипи, сепак две екипи го откажаа своето учество.

Во новата сезона нема да се натпреваруваат екипите на Рудар од Пробиштип и Граничар Спорт од село Ново Коњарево, општина Ново Село, струмичко. Екипата на Рудар во новата сезона акцент ќе става на младинските категории бидејќи поради недостиг на фудбалери не е во можност да земе учество во сениорска конкуренција.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Брегалница од Делчево, Тиверија, Малеш, Слога од Виница, Овче Поле, Светлост Зрновци, Карбинци, Ударник, Дојранско Езеро и Хоризонт Турново.

Ждрепката беше извлече во Кочани, а на извлекувањето присуствуваше и Спортска Мрежа како медиум, а ждрепката посака во првото коло да се соочат Дојранско Езеро против Хоризонт Турново, Карбинци против Ударник, Слога Виница ќе патува во Берово кај Малеш, Карбинци против Ударник, Тиверија ќе ја пречела Брегалница од Делечво, а пак Овче Поле ќе игра против новајлијата Светлост од Зрновци

Брегалница Делчевовпо една сезона одново ќе игра во Трета лига – Исток, а некогашниот прволигаш, поранешен вицешампион на Македонија и екипа која играше во европските квалификации по неколку години пауза се реактивира во сениорскиот фудбал, а Светлост Зрновци е шампион на ОФЛ Кочани и така обезбеди место во ТМФЛ – Исток.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!