Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските квалификации за Европското првенство 2027.

По тринеделните подготовки во Крушево, каде во првите десет дена младите одбојкари работеа паралелно со националниот А тим, селекторот Јован Шапе го одреди составот од 14 играчи кои ќе ја претставуваат Македонија на турнирот.

БВА зонските квалификации ќе траат до 29 август, а секој натпревар ќе биде важен тест за македонските одбојкари во борбата за место на Европското првенство во 2027 година.

ФОТО: ОФМ

Македонија за конкуренти ги има домаќинот Бугарија, Србија и Турција, како и Русија и Белорусија кои добија „зелено светло“ од ЦЕВ преку БВА да го бараат патот до континенталниот собир во оваа возрасна категорија.

„Свесни сме за силината на противниците со кои се соочуваме и за нашата позиција на аутсајдери во ова натпреварување. Ние градиме една млада репрезентција, создаваме костур кој ќе може во иднина да премине во А селекцијата. Имаме систем на работа и иако не сме на нивото на нашите ривали, тоа не не спречува да се бориме за секој поен. Имавме одлични подготовки во Крушево. Фактот дека трениравме заедно со А националниот тим, дека дел од момците можеа да видат каков е пристапот и начинот на работа на нивните идоли позитивно влијаеше на комплетниот тренажен процес. Одработивме квалитетни тренинзи со дисциплиниран и сериозен пристап. Премиерно оваа генерација ќе игра во едни вакви квалификации и работевме на тоа како да играме паметно. Знаеме со што ќе се соочиме, со висок блок, со силен сервис и силен напад, па работевме на тактика, на тоа како да бидеме мирни и да играме со глава, да не му подаруваме поени на противникот и да понудиме жар и борба на теренот. Примарно е она што го работевме да го покажеме на теренот, да собереме искуство и да не дозволиме да бидеме лесен плен“, заклучува селекторот Јован Шапе.

Македонија утре, во првото коло ќе се сретне со домаќинот Бугарија од 17:30 часот. Во второто коло, ден подоцна, од 15 часот, нашата репрезентација за противник ќе ја има Белорусија. Во истиот термин на 27 август, пак, играме со Србија. На 28 август од 20 часот ќе ги измериме силите со Русија, додека во последното коло од 17:30 часот ќе се соочиме со Турција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА зонските квалификации во Мостар на осмото, последно место, откако забележа пет...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе ги одбра 14-те одбојкари: Македонија У20 тргна по европски предизвик

Машката репрезентација на Македонија до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе настапи на БВА зонските...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија У20 осми на БВА квалификациите во Мостар

Женската репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на БВА...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави списокот на играчи за августовскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до бод против Тунис ги отворија Медитеранските игри

Во првиот настап на Медитеранските игри што се одржуваат во Таранто, фудбалската...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!