Ракомет

Текстилец УГД подготвен за новата сезона, промовирани Табаков, Таневски, Миленков и Стојанов

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Текстилец УГД влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија. Штипскиот состав веќе е во полн тренажен процес, а до почетокот на првенството останува да се одиграат уште неколку пријателски натпревари.

Во клубот се задоволни од досегашниот тек на подготовките, а тренерот Бобан Попов го истакнува добриот интензитет на тренинзите. Управата успеа во најголем дел да го задржи костурот од минатата сезона, што претставува важен сегмент во градењето на тимот.

Во составот остануваат капитенот Филип Џинес, како и Александар Јовановски, Драган Сенев, Филип Савев, Дарио Јорданов, Роберт Миланов, Лазар Стојанов, Кристијан Атанасов, Милисав Петров и Марјан Савев.

Паралелно со тоа, Текстилец УГД продолжува да се потпира и на сопствениот младински погон. Во сениорскиот состав се приклучуваат Кристијан Станчен, Христијан Властов, Христијан Коцев, Петар Зафиров, Никола Миланов, Андреј Зафиров, Андон Арсов, Христијан Харизанов и Марко Димов.

За дополнително засилување на конкуренцијата во тимот ангажирани се и Илија Табаков, Никола Таневски, Кире Миленков и Стефан Стојанов, а клубот е во преговори со уште двајца ракометари.

Од штипскиот клуб заминаа Јован Атанасовски и Борче Боболков, на кои Текстилец УГД им посакува здравје, среќа и успех во продолжението на нивните кариери.



Со комбинација од искусни ракометари, млади играчи од сопствениот погон и неколку нови засилувања, Текстилец УГД ја гради екипата за новата сезона со големи амбиции и очекувања.

Првенството во Првата ракометна лига започнува на 12/13 септември, а до тогаш штипјани ќе имаат можност дополнително да ја воиграат екипата преку неколку контролни натпревари.

Текстилец УГД е во завршна фаза од подготовките – составот е речиси комплетиран, формата се темпира, а очекувањата пред новата сезона се високи.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!