Ракомет

Кузмановски го предводеше Пелистер до победа над Партизан

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Филип Кузмановски имаше блескава вечер во „Боро Чурлевски“ и со 15 погодоци беше најзаслужен за победничкиот старт на Еурофарм Пелистер во Регионалната лига. Битолчани пред својата публика го совладаа српскиот шампион Партизан со 35-31.

Уште во првите 30 минути домаќинот наметна ритам кој гостите тешко го следеа. Еурофарм Пелистер на паузата замина со седум гола предност (20-13), а во продолжението разликата во еден момент достигна и девет погодоци.

Капитенот Кузмановски, покрај голгетерскиот учинок, запиша и девет асистенции и беше клучната фигура во нападот на битолскиот состав. По четири пати во листата на стрелците се запишаа Никола Граховац и Ник Хенигман.

Партизан во своите редови го имаше расположениот Тобијас Вагнер, кој со десет гола беше најпрецизен кај српскиот состав, но неговиот учинок не беше доволен за гостите да се вратат во натпреварот. Раул Гонзалес во Битола настапи без Кулеш и Кос, додека Еурофарм Пелистер не ги вклучи новите засилувања во составот за оваа пресметка. Червар се потпре на играчите кои го носеа најголемиот товар во минатата сезона.

Со контролата на резултатот во текот на целиот втор дел, домашниот тим рутински ја приведе средбата до крај и запиша убедлива победа пред полните трибини.

Битолчани немаат многу време за одмор, бидејќи веќе на 26 август ги очекува нов натпревар во Регионалната лига, повторно на домашен терен, против Ловќен Цетиње. Пет дена подоцна, на 31 август, Еурофарм Пелистер ќе се соочи и со Дубочица Лесковац.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!