Со мечевите од првото коло стартуваше 25. издание на Првата женска фудбалска лига, а првата рунда донесе погодоци на сите натпревари и едно изненадување.
Шампионот Скопје без воопшто и да се „испоти“ до доби убедливо Кочани со 4:0 и победнички ја започна одбрана на титулата. Резултатот го отвори радовишанката Глорија Тодорова која погоди во 13. минута за водство на тимот од Пржино.
Во 28. минута Сара Коларовска погоди за водство од 2:0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши погоди за предност од три гола. Конечниот резултат го постави Мила Панева во 44. минута, а во вториот дел мрежите мируваа.
Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок во елитата, со висок пораз ја отвори новата сезона 2026/2027.
Истатов ја доби скопската пресметка со Вардар откако славеше на „Цементарница“ со 1:2. Тимот на Кирил Изов прв стигна до водство преку Ива Здравевска во 9. минута. По неколку шанси коTи не ги реализираше Истатов, тимот на Вардар успеа да го израмни резултат на 1:1 на полувреме преку гол на новото засилување Џенита Кицара.
- ВИДЕО ИЗВЕШТАЈ ОД МЕЧОТ: ВАРДАР – ИСТАТОВ:
Во вториот дел од натпреварот Истатов ги постави конечните 1:2 со голот на Радица Чонева во 53. минута и победнички ја отвори новата сезона.
Без изненадувања и во Струмица каде вицешампионот Тиверија Брера забележа висока и убедлива победа над новиот прволигаш Пелистер од Битола, откако струмичанки славеа со превисоки 7:0 го добија мечот.
Стрелци во „лото“ победата беа Теона Галабовска која постигна три гола, двоен стрелец беше Билјана Панеска, а пак по еден гол постигнаа Павлинка Николовска и Ивана Илиева.
Ас Јунајтед се „лизна“ и сезоната ја отвори со реми против Речица откако на гостински терен одигра 1:1.
Ихдина Речи во 45. минута постигна гол за водство од 0:1, а во 58. минута Вања Ристиќ постигна гол за конечни 1:1. Струшкиот тим мораше да се задоволи со бод, а Речица „откина“ бодови од фаворитот.
Дебакл на Каменица Саса на стартот од новата сезона откако Љуботен убедливо ги декласираше „рударките“ со високи 4:1. Дефинитивно тимот од Македонска Каменица кој го задржа ростерот и го засили со странски играчи не посакуваше вакво отварање на сезоната.
Хава Мустафа по само седум минути донесе предност за Љуботен, а во 38 минута Улза Максути погоди за 2:0. Во вториот дел Ива Јованоска постигна гол за убедливи 3:0, а голеадата ја продолжи Калина Попески за високи 4:0 во 72. минута од средбата.
Во самиот финиш односно во 84. минута погоди Христина Јовановска за конечни 4:1 и ублажување на овој висок пораз.
По мечот гостинската екипа од Македонска Каменица најавила жалба, за како што се вели, нерегуларна регистрација на интернационалки.