Ракомет

Од Богданци до Прилеп: Томица повторно со Младост, најверниот фан не пропушта натпревар

Сподели
ФОТО: Богдански спорт
Сподели



Ракометниот клуб Младост од Богданци има нешто што секој клуб би го посакал – огромна поддршка од трибините, а меѓу најверните навивачи се издвојува Томица Тасев, човекот кој не пропушта натпревар на својот омилен клуб.

Тасев денес е во Прилеп, каде што Младост настапи на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Богданчани во натпреварот за петтото место загубија од Бутел со 32:30, но резултатот не беше причина Тасев да изостане од трибините.

Како и на секој друг натпревар, тој и овојпат беше на гостински терен за да го бодри Младост. Каде и да игра тимот од Богданци – таму е Томица, со силна поддршка за своите ракометари.

Младост по одличната сезона успеа да се врати во Супер лигата, па во новата сезона повторно ќе биде дел од елитното македонско ракометно друштво. Во Богданци владее вистинска ракометна еуфорија, а салата „Млаз“, која доби нов изглед, редовно е исполнета до последното седиште кога игра Младост.

А предводник на таа верна поддршка е токму Томица Тасев. Од Богданци до Прилеп, од домашен до гостински терен – Младост никогаш не е сам.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!