Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Вардар ги промовираше Стојановска, Кицара, Туџарска и Бојкова, продолжена соработката со Азизи и Јовановска

Сподели
Сподели

Прволигашот Вардар денес ја отвара новата сезона во Првата женска фудбалска лига во скопска пресметка против Истатов.

Раководството на Вардар ги промовираше Мила Стојановска, Џенита Кицара, голманката Тина Туџарска и Зорица Бојкова, а ја продолжи соработката со Амире Азизи и Александра Јовановска.

Стојановска доаѓа од второлигашот Слободен кој повеќе нема да се натпреварува, низ кариера 18-годишната фудбалерка настапуваше и за Истатов и Скопје.

Кицара во Вардар доаѓа од Кочани и всушност се враќа во дресот на Вардар, а 21-годишната фудбалерка го носеше дресот и на Шкендија, Скопје и Борец од каде и ја започна кариерата.

19-годишната Туџарска во Вардар доаѓа од Вардар, која претходно беше дел и од Истатов и Џи-Џи од каде и ја започна кариерата.

Бојкова која има 20 години во Вардар пристигна од Борец, а беше дел и од Билјанини Извори, Плачковица, Цевитана и Тиверија Брера од каде и ја започна кариерата.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21 го совладаа Младост 1977 од Богданци во натпреварот од осмото коло...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека Тиквеш мораше добро да се помачи за да стигне до нови...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!