Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА „прозорец“, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.
Македонската репрезентација во овој циклус ќе одигра еден натпревар во августовскиот „прозорец“, а првиот предизвик ќе биде гостувањето кај Австрија. Натпреварот е закажан за 30 август во Виена, во рамките на второто коло од групата „Ф“.
Берокал и неговиот стручен штаб сметаат на следните кошаркари:
- Ненад Димитријевиќ
- Виктор Ташовски
- Виктор Ефремовски
- Војдан Стојановски
- Лука Стојановски
- Адем Мекиќ
- Андреј Јакимовски
- Стојан Ѓуроски
- Лејсон Зеќири
- Валмир Какруки
- Резарт Мемед
- Тома Стојаноски
- Петар Бошалески
- Кристијан Николов
- Мозес Рајт
Подготовките на репрезентацијата ќе бидат реализирани во Скопје. Стартуваат на 24 август, во “Т Арената” во Скопје (од 17.30 часот), а во пресрет на гостувањето во австриската престолнина, каде Македонија ќе го отвори новиот квалификациски циклус со желба за успешен старт во борбата за место во квалификациите за Евробаскетот 2029.