Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп.

Битолчани уште од самиот почеток го презедоа контролата врз натпреварот, а добрата игра во првото полувреме им донесе предност од пет гола на паузата, 22-17. Во продолжението избраниците на Еурофарм Пелистер 2 искусно ја одржуваа предноста и без поголеми проблеми го приведоа дуелот до крај за конечни 37-30.

Најефикасен во победничкиот состав беше Кристијан Симоновски со седум погодоци, додека Давид Димески постигна шест, а Лука Георгиевски додаде четири гола.

Кај Бутел Скопје, најдобар стрелец беше Давид Јаневски со шест гола, додека Лука Јовиќ и Архангел Трсунов постигнаа по пет погодоци, но нивниот учинок не беше доволен за Бутел да направи пресврт.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер 2 обезбеди натпревар за третото место на турнирот, додека Бутел Скопје ќе разигрува за петтата позиција на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со резултат од 1:4. Во контролката која се играше покрај најмалото природно...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Поврзани написи
Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!