Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го освојат првото место во групата А, благодарение на голот на Дарко Ѓукиќ во самиот финиш.

ФОТО: ГРК Охрид

Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот  на Охрид, Борис Ројевиќ, му честиташе на Загреб за натпреварот, но посебно ја истакна поддршката од домашната публика. Воедно, тој им замери на своите ракометари за пристапот во првото полувреме, но беше задоволен од реакцијата и енергијата што ја покажаа по паузата.

„Па, би му честитал на Загреб на фер и одличниот натпревар. Исто така, благодарам и на публиката што дојде во голем број и што нè турна до ова големо реми против сигурно, огромниот фаворит денес. Им замерувам на моите момци за првото полувреме, а исто така им честитам за второто полувреме. Во првото немавме ниту волја, ниту желба, ни ништо. Не игравме тимски, не си помагавме. Сето тоа во второто полувреме, по состанокот, се промени – се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија. Така што, ете… нè очекува финалето со Вардар, па ќе видиме кој е ,,жив” и подготвен за истото.“

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид, денес го очекува нов голем предизвик, бидејќи од 20:15 часот ќе се сретне со Вардар во финалето. Ројевиќ е свесен дека тимот го очекува тежок период со густ распоред, па покрај желбата за трофејот, ќе мора внимателно да се распредели и силата на играчите.

„Како што реков, ќе биде многу тешко финале за нас. Во следните десетина дена, нè очекуваат четири натпревари: два од Регионалната лига- во Будва, Панчево, и тоа сè во два дена, потоа пат до Гевгелија за Супер купот, и потоа уште доаѓањето на Пелистер овде во првото коло од Супер Лигата. Мора малку да видиме, да пресметаме, да бидеме вистинските, но исто така и да сочуваме некои играчи за понатаму. Тоа сега е нашата примарна задача.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид вечерва од 20:15 часот ќе се бори за трофејот против Вардар, со желба да го повтори успехот од минатогодишното издание на турнирот.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!