Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Сподели
Сподели

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по вторпат во низа го освоија престижниот трофеј.

„Гладијаторите“ одиграа зрело финале и уште еднаш покажаа карактер во дуелите со актуелниот македонски шампион. По израмнетиот почеток, охриѓани постепено ја презедоа контролата и на полувремето заминаа со предност од 12-10.

Во вториот дел Охрид успеа да ја зголеми разликата до четири гола, со што го стави Вардар во позиција постојано да брка резултат. „Црвено-црните“ не се предадоа и во завршницата успеаја да се доближат на само два гола, но домаќинот не дозволи целосен пресврт и сигурно го приведе натпреварот до крај.

За најдобар играч на финалето беше избран Доминик Мате, едно од новите засилувања на Охрид. Кај победничкиот состав Кеита и Ќосевски постигнаа по три гола, додека Тасески беше стрелец на два. За Вардар по трипати погодија Воркапиќ и Анастасовски.

Ова е уште една значајна победа за Охрид во пресрет на новата сезона. Интересно е што двете екипи во краток период двапати се сретнаа во финале, а во двата наврати славеше охриѓанскиот состав. Следната пресметка ќе биде од официјален карактер – Охрид и Вардар повторно ќе се соочат за трофеј, овојпат во Суперкупот на Македонија, кој ќе се одигра на 19:00 часот во салата „26 Април“ во Гевгелија.

Во рамките на завршниот ден на турнирот, Војводина го освои петтото место, откако со 33-30 го совлада Нексе, кој заврши како шестопласиран.

На седмата позиција се пласираше Египет У20, кој во дуелот за пласман го совлада Олимпијакос со 36-33.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со резултат од 1:4. Во контролката која се играше покрај најмалото природно...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!