Синоќа беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески Алмо 2026“ во прилепско Дебреште, каде беа забележани високи и убедливи победи со голем број на погодоци.
Десово Градба со убедливи 9:4 го доби тимот на Теута Сталоне Саждево. Потоа во вториот меч тимот на Кадри Демироглу со 7:0 го декласираше тимот на Непобедливи Пикси, следуваше нова убедлива победа овој пат на тимот на Лисичани од 7:2 над Дунаф Голд, а пак во последниот меч млади таленти се намачи за триумф од тесни 2:3 над Црнилиште Куп.
Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој имаме меморијален карактер и важи за одлично организиран турнир.