Останато

Македонските тенисери со пехарите во конкуренција на двојки на Neocom Open 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

На терените на ТК Југ се одржува младинскиот тениски турнир „Neocom Open 2026“, од категоријата Ј60, а титулите во конкуренција на двојки ги освоија Сара Митевска и Андреја Глушкова од Бугарија, односно македонскиот тандем Кристијан Јанев и Ерион Незири.

Митевска и Глушкова, како први носителки, одиграа убедливо финале и со 2:0 во сетови (6:0, 6:1) ја совладаа комбинацијата Стилиани Нуцу од Грција и Антонија Станевска од Бугарија. Со тоа само ја потврдија фаворитската улога која ја имаа пред завршницата.

Кај момчињата финалето донесе многу поголема неизвесност. Јанев и Незири загубија во првиот сет, но успеаја да направат пресврт и со 2:1 (4:6, 6:4, 10:6) да ги победат првите носители Албин Колет од Франција и Диего Вагнер од САД.

Денеска ќе се комплетира програмата со финалните натпревари во поединечна конкуренција. Во машкото финале ќе играат Матја Путиќ од Србија и Диего Вагнер од САД, додека кај девојчињата силите ќе ги одмерат Арина Фомина од Русија и Сара Козма од Романија.

„Neocom Open 2026“ е вториот од петте младински турнири кои годинава се одржуваат во Скопје. Во исто време, веќе започнаа и квалификациите за наредниот турнир од програмата – „Југ Опен 2026“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе го суди дербито меѓу Струга и Шкендија, Ќерими на Башкими и Брегалница, Качевски главен во Кратово

Рундата број 13 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во утре со мечот во Кавадарци меѓу...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!