Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Камјани промовираше ново младо засилување: Герт Арифи го засили дебитантот во Втора лига

Сподели
Сподели

Второлигашот Камјани продолжува со создавање конкурентен состав за својата историска прва сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување е Герт Арифи.

Арифи е офанзивен фудбалер кој најдобро се снаоѓа на крилните позиции и може подеднакво успешно да игра на двете страни. Се одликува со голема брзина, одлична техника, креирање шанси и способност да биде конкретен во завршницата.

Новиот фудбалер на Камјани својата кариера ја градел во академијата на Шкендија, каде ги поминал сите младински категории до У17. Во текот на престојот во тетовскиот клуб Арифи бил капитен, најдобар стрелец и најдобар асистент, со што го потврдил својот талент и лидерски карактер.

Добрите настапи му донеле промоција во првиот тим на Шкендија, по што следувал трансфер во Фероникели 74, клуб кој се натпреварува во Суперлигата на Косово. Таму Арифи стекнал дополнително искуство во исклучително конкурентна средина.

Иако ова лето имал сериозен интерес и понуди од клубови како 2 Корик и Лапи, Арифи одлучил да се врати во родниот крај и да го облече дресот на Камјани.

Со неговиот ангажман Камјани добива уште еден квалитетен офанзивец во пресрет на историската сезона. Клубот, кој за првпат ќе се натпреварува во Втората лига, амбициозно го гради тимот за дебитантската сезона во ВМФЛ.

Камјани новата сезона ќе ја започне со тешко гостување во Битола, каде во првото коло ќе му гостува на Пелистер.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!